Во Словенија откриени затајувања на данок во вредност од 38 милиони евра

Од:

Словенечката полиција денеска ги објави резултатите од двете успешни долгогодишни меѓународни истраги, во кои се откриени затајувања на данок со вкупна вредност од 38 милиони евра.

Една од истрагите се однесувала на трговија со електронска опрема, во која учествувале компании од повеќе европски земји, а во другиот случај станува збор за трговија со отпаден метал. За извршените кривични дела во двата случаи би можеле да бидат изречени казни затвор во траење од една до осум години, пренесуваат словенечките медиуми.

Во првиот случај се покренати кривични пријави против три словенечки компании и 17 лица, од кои осуммина словенечки државјани, шестмина државјани на Велика Британија и тројца државјани на Италија.

Нивните компании, како што се наведува, издале фактури за непостоечки бизниси, во вредност од речиси половина милион евра, а буџетот на Словенија на тој начин е оштетен за 12 милиони евра. Во втората истрага, во која е утврдено затајување на даночни приходи во износ од 26 милиони евра, е поднесена кривична пријава против 11 лица од широкото подрачје на Љубљана и од Домжале.

Би можело да ве интересира

Во Словенија лекуваат Ковид-19 со ремдесивир, фавипивавир и дексаметазон

А1он

Во Австрија и Словенија паѓал град со големина на јаболко

Ана Ололовска

Во Љубљана одржан 14. антивладин протест

Ана Ололовска

Словенија продолжува да ги субвенционира платите на граѓаните кои чекаат работа

Ана Ололовска

Една третина од Словенија ќе биде покриена со 5Г мрежа до крајот на годинава

А1он

Во Словенија разгледуваат промена на дефиницијата силување во кривичниот закон

Ана Ололовска