Во Словенија над илјада заразени и седумина починати од Ковид-19

Од:

Словенечките власти објавија дека во земјата има 1.113 новозаразени од Ковид-19 од спроведени вкупно 3.682 ПЦР-тестови.

Тоа значи дека повеќе од 30 отсто (30,22%) биле позитивни од спроведеното тестирање.

Бројот на хоспитализирани лица изнесува 523, од кои 82 се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега.

Во последното деноноќие од вирусот починале седум лица.

Поради зголемениот број на пациенти, владата воведе нови мерки, а една од нив е дека „доколку се наоѓате во зелена површина, не мора да носите маска ако држите растојание од три метри“, пренесе словенечкиот медиум „24ур“.

Би можело да ве интересира

Рекордни 835 новозаразени со Ковид-19 во Албанија

Ана Ололовска

Во Грција починаа 98 лица од Ковид-19, а регистрирани се 1.193 случаи

Ана Ололовска

Фаучи со совет до Бајден: Немате само едно решение за сите ситуации со корона-кризата

Ана Ололовска

Србија: Рекордни 65 смртни случаи од Ковид-19 во еден ден

Ана Ололовска

Над илјада жртви од Ковид-19 во Косово од почетокот на пандемијата

Ана Ололовска

Во Хонг Конг се затвораат училиштата поради зголемениот број заразени од коронавирус

Ана Ололовска