Во Словенија мобилизирана резервната полиција заради мигрантите

Од:

Поради интензивираниот прилив на мигранти и зголемениот промет во туристичката сезона, словенечката Влада вчера мобилизираше голем број припадници на резервната полиција кои би требало да ги надоместат полицајците кои се на годишен одмор.

Потребата за контрола на безбедносните предизвици се очекува да се зголеми до крајот на годината, како и обемот на полициските задачи во повеќе области, соопштија од владата. Одлуката е донесена да се ангажираат дополнителни полицајци до крајот на годината, иако, како по правило, законскиот лимит за нивниот ангажман е 30 дена во една година.

Од Владата велат дека обемот на полициските задачи на границата со Хрватска се зголемува како резултат на зголемувањето на илегалната миграција во однос на минатата година и заради зголемување на безбедноста во сообраќајот, која е влошена годинава.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он