Во Словенија лекуваат Ковид-19 со ремдесивир, фавипивавир и дексаметазон

Од:

Пациенти заболени со Ковид-19 во Словенија првенствено се лекуваат во однос на симптомите, што значи дека доколку е потребно добиваат кислород и лекови за повишена температура.

Оние со сериозни симптоми добиваат ремдесивир, фавипивавир и дексаметазон, лекови за кои истражувањата покажуваат дека можат да бидат потенцијално ефикасни, јави СТА.

– Ремдесивир, антивирусен лек, се користи кај оние на кои им е потребна интензивна нега или имаат силно зголемена потреба од снабдување со кислород, објасни Матеја Логар, инфектолог во Универзитетскиот медицински центар Љубљана.

Оние кои имаат нешто поблаги симптоми и се во почетната фаза на болеста, но со други болести им се дава фавипивавир, лек кој досега се користел за лекување грип.

На оние на кои им е потребен кислород, но го примаат за време на период кога фавипивавир повеќе не е одржлива опција им се дава дексаметазон, кортикостероид што се користи со децении, главно за лекување на разни видови воспаленија.

– Тие се лекови кои се покажаа врз основа на повеќе студии ефективни и имаат релативно поволен безбедносен профил“, додаде Логар.

Словенечките лекари не користат хидроксихлорохин, лек за артритис, кој исто така може да се користи за да се спречи маларија, ниту пак користат антибиотик азитромицин или ХИВ лекови, затоа што се покажале како неефикасни во неколку студии.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он