Во септември можно е Бериша да биде исклучен од албанскиот Парламент

Од:

Поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија Сали Бериша, го чека жешка и тешка есен, оценуваат албанските медиуми.

Повеќе од сигурно е дека ќе биде исклучен од парламентот, каде е пратеник избран на парламентарни избори во април 2021 година, јави дописничката на МИА.

-Ова е очекувано по денешната најава на координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка Таулант Бала, дека Парламентот на Албанија “за време на новата сесија што почнува во септември ќе се осврне на неприфатливата и апсурдна ситуација, партиски секретар и личност блиска до раководството на комунистичката диктатура, прогласена нон грата од Соединетите американски држави и Велика Британија да продолжува да ја сквернави оваа институција со своето присуство и речник”.

Бериша за непожелен од САД беше прогласен во мај минатата година додека од Обединетото кралство во средината на минатиот месец.

Бала, на објавата на Фејсбук, објави и фотографија каде Сали Бериша е покрај комунистичкиот лидер Енвер Хоџа.

Бериша освен во партијата, долг период бил и личен лекар на Хоџа, кој му помогнал да замине на специјализација за кардиохирург во Париз.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски