Во септември албанскиот Парламент ќе носи измени на Законот за отворање на досиејата на ШИК

Од:

Албанските владејачки социјалисти најавија дека на почетокот на идниот месец ќе бидат донесени измени на законот за досиејата на тајната служба од комунистичкиот период.

Координаторот на пратеничката група Таулант Бала вели дека во септември ќе бидат одобрени сите измени за „ревидирање на сертификатот за чистота на личноста”, по големата дебата за досиејата на поранешната албанска тајна служба, ШИК.

– Собранието на Албанија на почетокот на новата сесија, по одморите, ќе се осврне на неприфатливата и апсурдна ситуација присутна повеќе од една година, кога претставник на партија( Сали Бериша) беше прогласен за нон грата од Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство а кој, како пратеник, продолжува да ја валка оваа институција со своето присуство и јазик, пишува Бала.

Уште наведува дека не може да им простат ниту на лицата нон грата, ниту на соработниците на ШИК.

Во меѓувреме дел од медиумите наведуваат дека освен поранешниот претседател Илир Мета меѓу соработниците на ШИК се и двајца поранешни претседатели на парламентот, министри и други високи личности од политичкиот живот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија