Во Романија се гласа за или против смена на Басеску

Од:

Во Романија утрово почна референдумот на кој граѓаните треба да одлучат дали шефот на државата Трајан Басеску ќе биде сменет, откако Собранието претходно му изгласа недоверба.

Романците со заокружување на одговорот „да“ или „не“, ќе одлучат за политичката судбина на 60-годишниот Басеску, кому ова му е втор претседателски мандат.

Ако одѕивот биде помал од 50 отсто, референдумот ќе биде прогласен за неважечки, а Басеску, кого Парламентот овој месец го суспендира, ќе биде вратен на работа и ќе продолжи да ја извршува функцијата до истекот на мандатот во 2014 година.

Доколку поголем дел од Романците на референдумот ќе гласаат за смена на Басеску, ќе бидат закажани избори за нов претседател.

Новото левичарско парламентарно мнозинство, собрано околу Социјал-либералната унија (УСЛ) на премиерот Виктор Понта, гласаше на 6 јули за отповикување на Басеску, обвинувајќи го дека повеќе пати го прекршил Уставот со преземање на должноста премиер о со постојано мешање во работите на Владата, непочитување на Парламентот и други државни институции.

Според истражувањето на јавното мислење, поддршката за Басеску полека се топи, а тој побара од своите приврзаници да излезат на референдумот и да се спротивстават, на како што оцени, „државниот удар“.

Басеску, меѓутоа, во петокот, апелираше на граѓаните да го бојкотираат референдумот.

Би можело да ве интересира

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Во Романија: Момче сакало да ги убие соучениците

Горан Наумовски