Во Приштина почна судењето за убиството на Оливер Ивановиќ

Од:

Во Основниот суд во Приштина почна денеска судскиот процес за убиството на лидерот на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ.

Судијата Валион Куртај, ги информираше сите присутни дека додека не се прочита обвинението, медиумите можат да останат во судницата и да ја снимат седницата, додека после тоа снимањето ќе биде забрането, но медиумите ќе можат да го следат судењето, јави Бета.

Специјалниот обвинител Бурим Черкини рече дека убиството на Ивановиќ го извршила „организирана криминална група“.

„На 16 јануари 2018 година, во Митровица, обвинетиот, дејствувајќи како организирана група предводена од Милан Радојчиќ, свесно и намерно извршила кривично дело тешко убиство“, рече тој.

Обвинети се Марко Росиќ, Силвана Арсовиќ, Жарко Јовановиќ, Недељко Спасојевиќ, Раде Басара и Драгиша Марковиќ.

Ова е трето изменето обвинение во случајот со убиството на Оливер Ивановиќ кој беше убиен на 16 јануари пред седиштето на неговата партија.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Ескобар: Загрижен сум за пораките од Приштина

Ховениер: Приштина треба да започне со формирање на ЗСО, ќе има последици ако тоа не го направи

Гренел: Курти ќе ги трпи последиците од едностраните акции

Горан Наумовски

Криминалецот наречен Војвода, вмешан во пукање во приштинското кафуле е еден од најбараните криминалци од ФБИ