Во пресрет на самитот на НАТО, Ердоган со лидерите на Шведска и Финска

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе присуствува на состанокот со лидерите на Шведска и Финска во вторник, пред самитот на НАТО во Мадрид, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на рускиот напад врз Украина, но нивните кандидатури се соочуваат со противење од Анкара поради, како што се наведува, поддршката за курдските милитанти и ембаргото за оружје на Турција.

Во интервју за истанбулскиот весник „Хабер Турк“, Калин рече дека тој и заменик министерот за надворешни работи Седат Онал ќе присуствуваат на утрешните разговори со шведската и финската делегација во Брисел.

Портпаролот на турскиот претседател предупреди дека присуството на Ердоган во преговорите со Шведска, Финска и НАТО „не значи дека Турција ќе отстапи од својата позиција“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија