Во последните 24 часа во Бугарија над илјада новозаразени од Ковид-19

Од:

Бугарија ја помина границата од илјада новозаразени со коронавирус за еден ден.

Тамошните здравствени власти објавија нов рекорд – 1.024 нови регистрирани случаи во последното деноноќие.

Со тоа позитивните резултати се нешто повеќе од 23 отсто од сите спроведени тестови кои изнесуваат 4.406.

Во последните 24 часа во државата се евидентирани 22 лица кои починале од Ковид-19, со што вкупниот број на починати сега изнесува 1.008, додека 210 се излекувани.

Поголемите градови најавија заострување на заштитните мерки и зголемена контрола врз населението, а бугарските власти размислуваат да воведат задолжително носење на маски и на отворено.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит