Во поплавите во Анкара досега загинаа четири лица

Од:

Четири лица загинаа во невремето проследено со поројни дождови во турската престолнина Анкара, соопшти турското претседателство за управување со катастрофи и несреќи (АФАД).

Спасувачките операции продолжуваат од почетокот на невремето, кое почна пред два дена. „Како резултат на дводневната операција за пребарување, во која учествуваа приближно 350 вработени, беше пронајдено безживотното тело на граѓанин зафатен во поплавите во областа Алтандаг во Анкара“, се вели во соопштението, во кое се изразува сочувство до роднините.

Бројот на загинати во поплавите во градот се искачи на четири лица. Претходно беше соопштено за три жртви.

Во различни делови на Анкара автомобилите останаа на патот поради поројниот дожд, поплавени се домови и работни места.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица