Во почетокот на октомври најверојатно министерска конференција за бегалците

Од:

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека во почетокот на октомври министрите за надворешни и внатрешни работи на државите од Европската унија и регионот би требало да имаат форум во Унгарија фокусиран на кризата со мигрантите и бегалците.

Дачиќ вели дека таква информација добил од министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Асеборн со кого разговарал во Мексико, јави Танјуг.

– Асеборн смета дека тоа е прашање број еден и најверојатно во почетокот на октомври ќе биде одржана заедничка конференција на министри за надворешни и на внатрешни работи во Унгарија со тие прашања на дневен ред. Учесници би биле државите членки од ЕУ и држави од нашиот регион погодени од кризата со мигрантите и бегалците, изјави Дачиќ.

Српскиот министер за надворешни работи учествува на Првата конференција на држави од Договорот за трговија со оружје (АТТ) што се одржува во Канкун во Мексико.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он