Во Марибор само за еден ден со коронавирусот се заразија седум лекари

Од:

Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека само за еден ден, седум лекари од болницата Адолф Дролца во Марибор се заразиле со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според директорот на Универзитетскиот Клинички центар во Марибор Војко Флис, тројца од заразените доктори работеле и во клиничкиот центар. Според неговите првични информации вирусот овој пат бил увезен, најверојатно од Црна Гора. Тој ги повика сите оние кои изминативе денови биле во болницата, а развијат симптоми на Ковид-19 веднаш да се јават на лекар.

Дел од словенечките медиуми пишуваат дека лекарите се заразиле на семејна веселба, односно свадба.

Инаку, здравствените власти објавија дека денес во земјата се потврдени 15 нови случаи на коронавирусот. Пореди потешка форма на болеста моментално хоспитализирани се осум пациенти.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он