Во Косово втор ден по ред без починат од Ковид-19, во изминатите 24 часа 159 заразени

Од:

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниеден смртен случај на заразен од Ковид-19, така што бројот на жртви на епидемијата останува 657, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Националниот институт за јавно зравство на Косово (ИКШПК), од вчера извршените, рекордни досега, 1.245 тестирања со методот РТ-ПЦР (83.923 од појавата на епидемијата) коронавирусот е откриен кај 159 лица, со што вкупната бројка на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 17.422.

Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека, вклучително вчерашните 58 излекувани, болеста досега ја совладале вкупно 14.894 лица.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 1.871 активен носител на вирусот.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски