Во Косово нема ниеден заразен со коронавирус

Од:

Националниот институт за јавно здравство на Косово објави вечерва дека ниту едно лице кое досега било хоспитализирано под сомнение дека е носител на коронавирусот не е заразено од тој смртоносен вирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Институтот по пат на соопштение за јавноста објави дека е информиран оти во текот на денешниот ден на инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово се примени шест лица за кои имало сомневања дека се заразени со коронавирусот и кај сите нив анализите резултирале негативни.

Од 8 февруари до денеска, се вели во соопштението, во Лабораторијата за молекуларна микробиологија, со соодветни методи, се тестирани вкупно 17 сомнителни примероци за вирусот Ковид-19 и сите резултираа негативн.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он