Во Косово 14 починати, 639 се новозаболени од Ковид-19

Од:

Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 989 од појавата на болеста, откако изминатото деноноќие починаа 14 пациенти заразени од новиот коронавирус.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, изминатите 24 часа се регистрирани 639 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се искачи на 38.431. Од нив, вклучително вчерашните 480 излекувани, болеста досега ја совладале 23.754 лица.

Официјално, согласно последните податоци, во земјата моментно има 13.668 носители на заразата.

Вчера се извршени 1.565, а вкупно досега 141.264 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Би можело да ве интересира

294 новозаразени со коронавирус во Косово, починале деветмина пациенти

Жарко Настоски

Харадинај до Вучиќ: Признајте го Косово и ќе спречите создавање на „Голема Албанија“

Жарко Настоски

Британски пилот излезе од болница по 243 дена лекување од ковид-19

А1он

Индекс: Хрватска има повеќе умрени од коронавирусот од Кина

Ана Ололовска

Белгискиот виролог Ван Ранст ги критикува богатите земји за вакцините

Ана Ололовска

„Дер Шпигел“ го објави нацрт-планот на Меркел за уште построг локдаун до средината на февруари

Ана Ололовска