Во карантин уште еден бегалски камп во Грција, потврден случај на Ковид-19

Од:

Бегалскиот камп „Малакаса“ во близина на Атина, од утрово е во 14-дневен карантин откако беше потврдено дека 53-годишен бегалец од африканските земји е позитивен на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека 53-годишниот, кој има здравствени проблеми, вчера попладне со симптоми на коронавирусот се пријавил кај лекарите во кампот, веднаш бил пренесен во болница во Атина и по направениот тест, потврдено е дека заразен со Ковид-19.

Неговото семејство е во карантин во кампот, а во тек е проверка на контактите.

Со одлука на министерот за миграција и азил на Грција, во соработка со заменик-министерот за цивилна заштита и претседателот на Националната организација за јавно здравје, во следните две седмици, во бегалскиот камп забранет е влез и излез.

Ова е втор бегалски камп во Грција што се става во карантин поради Ковид-19.

Од 1 април 2020 година, бегалскиот камп „Рицона“ во близина на грчкиот остров Евиа е во 14-дневен карантин, откако родилка сместена во кампот беше заразена со коронавирусот, а по проверката на нејзините контакти, беа потврдени 20 лица позитивни на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски