Во јануари во Тирана ќе се одржи донаторска конференција за Албанија

Од:

Советот на Европа донесе одлука донаторската конференција за настраданите во земјотресот во Албанија да се одржи во Тирана, но датумот се уште не е одреден.

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека донаторската конферецнја ќе се одржи во Тирана на почетокот или во средината на јануари и оти одржувањето на конференцијата го подржале сите земји членки.

-Добро што се договоривме за одржување донаторска конференција за Албанија во Тирана, во почетокот или во средината на јануари. Беше инспиратвно да се види како земјите членки веднаш дадоа подршка за да бидат покрај Албанците, изјави Лајен.

Претходно таа соопшти дека Европската Комисија одлучила да даде 15 милиони евра за Албанија за санирање на штетите од разорниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември.

Инаку, на осми декември албанскиот премиер Еди Рама престојуваше во Истанбул,Турција, на донаторска конфренција, каде турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ги свика земјите-членки на Организацијата на исламската конференција за помош на Албанија.

Би можело да ве интересира

Рама: Харадинај ја замени пушката со клевета

Ана Ололовска

Новата американска амбасадорка Јури Ким допатува во Тирана

Ана Ололовска

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во посета на Тирана

Ана Ололовска

Харадинај: Рама e идеeн творец и лобист за поделба на Косово

Ана Ололовска

Во својство на претседавач на ОБСЕ, Рама во посета на Украина

Ана Ололовска

Земјотресот ја принудува албанската Влада да издаде еврообврзница од 560 милиони евра

Ана Ололовска