Во избирачкиот список на Црна Гора има 6.000 починати лица?

Од:

Мрежата за афирмација на невладиниот сектор (МАНС) соопшти денеска дека во избирачкиот список на Црна Гора има повеќе од шест илјади лица, кои се водат као гласачи, а кои повеќе не се живи.

Оваа невладина организација оцени дека таквата состојба на избирачкиот список овозможува драстична злоупотреба и ги менува условите за премин на цензусот.

МАНС претходно соопшти дека во избирачкиот сиспок се наоѓаат најмалку 14 илјади гласачи, кои имаат еден или повеќе двојници со исти имиња, презимиња и адреси на живеење, а со различни матични броеви и шифри на гласачи.

Владата на Црна Гора ги отфрли овие наводите на МАНС за неправилностите во избирачкиот список за октомврските парламентарни избори, соопштувајќи дека не постојат двојно впишани гласачи.

Наводите за постоење на голем број наводно двојно впишани избирачи апсолутно ги отфрлуваме како невистините и ги доживуваме како политизација на една мошне тешка, стручна и административна работа, се наведува во соопштението.

Лидерот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ изјави дека тврдењата за неправилности во избирачкиот список изгледаат како барање на алиби за изборниот пораз.

Тој додаде дека црногорскиот избирачки список спаѓа меѓу најуредните и оти тоа го потврдиле и релевантните меѓународни организации.

На изборите во Црна Гора, закажани за 14 октомври, учествуваат седум коалиции, пет партии и една група граѓани, кои ќе се борат за 81 пратеничко место во Парламентот. Право на глас на изборите ќе имаат околу 512 илјади граѓани, а конечниот избирачки список Државната изборна комисија ќе го објави на 3 октомври.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора