Во Хрватска украдени 5,3 милиони куни наменети за доушниците на тајната служба

Од:

Против петмина службеници на хрватската Воена безбедносно-разузнавачка агенција (ВСОА), покренато е обвинение поради сомнение дека ја злоупотребиле положбата и овластувањата и украле 5,3 милиони куни од буџетот на Агенцијата, кои биле наменети за доушници.

Обвинителството ги товари петтемина дека од 2009 до јули 2012 година намерно го оштетиле буџетот на Хрватска.

Двајца меѓу нив се обвинети и дека во намера да го прикријат делото, наложиле и уништување службена документација.

Советот за национална безбедност утврдил дека повеќемилионскиот износ е систематски извлечен и дека не станува збор за нерационално трошење пари.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег