Во Хрватска уапсен маж кој планирал атентати

Од:

Поранешниот шеф на хрватската тајна служба, Безбедносно-разузнавачката агенција и експерт за безбедност, Анте Летица, го коментираше апсењето на мажот осомничен дека планирал атентати на државни функционери, судии и други одговорни за воведување антипандемиски мерки, а тој е убеден дека бил личност која самостојно работела на тоа. Говорејќи на загрепскиот N1, тој рече дека таканаречените „осамени волци“ се најтешки за откривање и судење.

„Ова е многу сериозна ситуација, но тоа е збир на цврсти индиции кои им дадоа право на работа на ДОРХ и на полицијата, но мислам дека на суд ќе се открие колку бил сериозен, колку сериозни биле неговите намери. Многу е тешко да се докаже таа намера, затоа велам дека тоа е збир на тврди индиции“, изјави Летица.

Според него, ниту во Хрватска, ниту во околината не е тешко да се дојде до оружје, дури ни она што може да се користи за извршување терористички напади.

„Тоа е резултат на безбедносната и политичката средина. Криминалните групи добро соработуваат“, вели Летица како одговор на прашањето зошто лесно се доаѓа до оружје.

Тој вели дека тоа што е многу лесно да се пронајдат адресите и телефонските броеви на луѓето во Хрватска, му олеснило на осомничениот маж да го подготви атентатот.

„Тоа е прашање на големината на градот и државата. Речиси сите се познаваме“, тврди Летица и додава дека сега е потребно рационално однесување кое е во интерес на сите.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он