Во Хрватска олеснуваат епидемиолошки мерки

Од:

Од денеска во Хрватска се во сила олеснети епидемиолошки мерки – кафулињата почнуваат да работат со тоа што ќе продаваат пијалоци „за носење“.

Спортски сали, фитнес центри и училишта за странски јазици, детски игралишта и работилници, клубови за автомати, казина и обложувалници, исто така, ќе можат да работат.

Олеснувањето на мерките е придружено со прецизна епидемиолошка рамка, така што луѓето кои земаат храна и пијалоци не смеат да останат на терасите во кафулињата или пред нив.

Не е дозволено влегување во кафулиња, а лицата кои чекаат на испорака мораат да одржуваат растојание од два метра и да користат маски, а на објектите треба да се ставаат известувања за епидемиолошки мерки.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он