Во Хрватска официјално почнува изборната претседателска кампања

Од:

Кампањата за претседателски избори официјално почнува денеска во Хрватска, откако Државната изборна комисија напладне ќе го објави списокот со кандидати.Претседателските избори во Хрватска се закажани за 22 декември.

Потписи за поддршка беа поднесени од 12 кандидати, а Слободан Миџиќ, кој поднесе само еден потпис за поддршка до ДИК (само својот потпис), наместо 10.000, нема да биде во трката.

Другите кандидати се Колинда Грабар-Китаровиќ, Зоран Милановиќ, Мирослав Шкоро, Мислав Колакушиќ, Катарина Пеовиќ, Далија Орешковиќ, Дејан Ковач, Иван Пернар, Дарио Јуричан (Милан Бандиќ), Анто Ѓапиќ и Недеjко Бабиќ.

Иако кампањата официјално започнува денеска, таа практично трае од летото оваа година, а според Јутарњи лист, најмногу пари во таа цел троши сегашната претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, потоа Мирослав Шкоро и Зоран Милановиќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Ослободена е келнерката која запали шанк и повреди седум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Келнерка палела шанк во ноќен клуб, ги запалила и гостите – инцидент ов Хрватска

Алпинист загина во Националниот парк Пакленица, паднал од височина од околу 150 метри

Пукано во возилото на хрватскиот јавен обвинител Иван Турудиќ

Горан Наумовски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

На роденденска забава во Хрватска: Маж палел скара со запалива течност, па во паника запалил девојче

Горан Наумовски