Во Хрватска од 1 февруари во училиштата се враќаат основците и матурантите

Од:

Во Хрватска, учениците од сите одделенија во основните училишта и завршните одделенија во средните училишта ќе следат настава во училиштата од 1 февруари, додека другите средношколци ќе ја следат наставата преку интернет, со некои исклучоци како што е Истарската жупанија, каде учениците од повисоките одделенија во основните училишта училиштата ќе продолжат да посетуваат онлајн настава.

Според податоците со кои располага Министерството за наука и образование, учениците во пониските и горните одделенија на основните училишта и завршните одделенија од средните училишта ќе следат настава во училиштата во сите жупании, освен во Истарската и во училиштата во жупаниите Сисачко-Мославска и Загрепската што беа погодени од земјотреси.

Учениците во останатите одделенија од средните училишта ќе ги следат часовите онлајн.

Би можело да ве интересира

Тони Цетински и познати спортисти биле дел од афертата со лажни ковид потврди во Хрватска

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Рекордни бројки на заразени со Ковид-19 во Романија, Хрватска и Словенија

Катерина Ѓуровски

Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус

Во Хрватска од денеска построги анти-ковид мерки

Рекордни 9.058 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска

Катерина Ѓуровски