Во Хрватска 819 новозаразени во последните 24 часа

Од:

Хрватскиот кризен штаб денеска соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 819 новозаразени со коронавирусот од тестирани 4.948 луѓе, а осум лица починале.

Бројот на активни случаи во Хрватска е 5.164, меѓу нив хоспитализирани се 548 лица, од кои 32 се на респиратори.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, до денеска регистрирани се вкупно 25.580 случаи на Ковид-19, а 363 пациенти починале.

Вкупно закрепнале 20.053 лица, од кои 491 во последните 24 часа, додека 21.148 лица се во моментот во самоизолација.

До денеска се тестирани вкупно 39.700 луѓе, од кои 4.948 во последните 24 часа, се вели во соопштението на хрватскиот кризен штаб.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он