Во Грција влез во судовите само со ковид-пропусница

Од:

Сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или резултат од негативен тест, од денеска се задолжителни за влез во судовите во Грција, како за службениците и адвокатите, така и за граѓаните.

Од Министерството за правда на Грција соопштуваат дека со почетокот од новата судска година, сите судови ќе работат регуларно, а за безбеден пристап неопходен е документ за Ковид-19.

Исклучоци има за одредени итни случаи, кога наместо рапид или ПЦР тест, може да се покаже негативен резултат од селф тест.

Прописите важат за лица со наполнети 12 години, додека пак децата од четири до 11 години, може да влезат со потврда од негативен селф тест.

При влезот во судовите или службите, ќе се врши проверка на сертификатите, во печатена или електронска форма.

Би можело да ве интересира

Македонските граѓани ќе влегуваат во Грција под истите услови како и во претходниот период

Постепено се отвораат Универзитетите во Грција

Три од десет случаи на Ковид-19 во Грција се кај деца од 4 до 18 години

Катерина Павлова-Николовска

Грчката полиција нема да ги апси просветните работници по тужби од родители кои не веруваат во Ковид-19

Во Грција секоја седмица ќе се објавуваат податоци за случаи на Ковид-19 кај учениците

Условите за влез во Грција за македонските граѓани остануваат исти уште една седмица

Катерина Павлова-Николовска