Во Грција викендов се очекува температура до 40 степени

Од:

Рекордно високи температури во Грција, највисоки во последните децении за месец мај, се очекуваат во текот на викендот, а во одредени делови од земјата, според предвидувањата на метеоролошкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, ќе бидат и над 40 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на професорот од Универзитетот на Крит и директор на Институтот за истражување и одрлжлив развој при Националната опсерваторија во Атина, Никос Михалопулос, кој за „ЕРТ“ рекол дека ако се потврдат предвидувањата за 40-41 степени Целзиусови, тогаш тоа ќе биде рекорд во последните 150 години.

Според податоците на грчката опсерваторија, на 13 мај 2017 година во градот Аргос на Пелопонез и на 30 мај 1969 година во градот Лариса биле регистрирани 40 степени Целзиусови што се и досегашните рекорди во Грција.

Во месец мај, рекордно високи температури во Атина (36,8 степени) биле регистрирана во 2008 година, а во Солун (36,6) во 1950 година.

Токму поради предвидувањата за топол бран, несвојствен за овој дел од годината, грчките власти одлучија да се отворат организираните плажи во Грција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски