Грција: Вакцинирани преку 900.000 луѓе, забележани само шест алергиски реакции

Од:

Денеска спроведовме 30.000 вакцинации, а очекуваме да надминеме 34.000 и можеби ова да биде дневен рекорд од почетокот на имунизацијата. Од декември спроведовме 915.000 вакцинации, 915.000 наши сограѓани се вакцинираа и во текот на неделава се очекува да надминеме еден милион вакцинации, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус на денешната редовна прес конференција за процесот на имунизација во земјата.

Темистоклеус објасни дека досега се пријавени 1.266 случаи кои биле анализирани и само мал дел биле поврзани со вакцината, поточно шест случаи на алергиски реакции.

Во однос на доставата на пратките, тој рече дека од април се очекува да биде зголемен бројот на вакцини што ќе пристигнат во земјата.

Во Грција, и покрај карантинот и рестриктивните мерки, повторно има зголемен број нови случаи, вкупно 1.176 во изминатите 24 часа, а починаа 30 лица.

Драстично е зголемен и бројот на пациенти приклучени на апарати, 406, односно 15 повеќе од вчера и 27 повеќе од завчера.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција