Во Грција уапсен македонски камионџија со 167 килограми канабис

Од:

Речиси 167 килограми канабис и еден пиштол открила грчката полиција во товарен камион на автопатот од Евзони кон Солун и го уапсила возачот, странски државјанин, кој се товари за внесување на дрога во Грција, а според грчката новинска агенција АНА-МПА станува збор за 37-годишен државјанин на Македонија.

Од грчката полиција соопштуваат дека уапсениот со камион за меѓународен транспорт влегол во Грција од граничниот премин Евзони (Богородица), а бил запрен на автопатот кон Солун во организирана акција на Секторот за борба со дрога и со помош на куче- душкач бил откриен канабисот.

-При контрола на возилото, со помош на полицајци од тимот за од тимот за спречување и сузбивање на криминал и куче за откривање дрога од Царинската служба Евзони, беа пронајдени, добро скриени под подот на возилото 92 пакувања канабис со тежина од 166 килограми и 862 грама. Исто така, во едно од пакувањата беше откриен пиштол со два полначи и осум куршуми, кои беа запленети, соопштија од грчката полиција и додаваат дека запленети се и камионот и трите мобилни телефони на возачот.

Уапсениот ќе биде изведен пред јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција