Во Грција тројца полицајци починаа од Ковид-19, а заразени се над 400

Од:

За само неколку дена, тројца полицајци од различни служби во три града во северниот дел на Грција ја загубија битката со Ковид-19, иако се на возраст меѓу 50 и 55 години и немале здравствени проблеми, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, коронавирусот е раширен меѓу полицајците во целата земја, заразени се над 400 лица, а телевизијата „Мега“ објави дека 29 се веќе хоспитализирани.

Истовремено, во изминатите денови потврдени се и 57 позитивни случаи на Ковид-19 во две касарни во грчките градови Триполи и Јанина.

За војниците заразени со коронавирусот во касарните постојат специјални изолирани простории.

Според медиумите од Крит, вчера во фрегата од грчката воена морнарица во воената база на островот, биле потврдени десет случаи на Ковид-19 и во карантин, во фрегатата се сите членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски