Во Грција се враќаат некои антиковид мерки: Во супермаркетите ограничен бројот на луѓе

Од:

Од денеска се помалку луѓе ќе можат да влезат во грчките супермаркети, бидејќи се враќа антиковид мерката според која едно лице мора да има девет квадратни метри слободен простор околу себе, пренесува „Катимерини“.

До петок во супермаркетите беа дозволени два квадрати по лице.

Оваа мерка се воведува затоа што идејата да се дозволи влез на невакцинирани во супермаркетите само со негативни брзи тестови засега е суспендирана, бидејќи се сметаше дека е тешко да се спроведе.

За идејата за брзи тестови зборуваше и министерот за локален развој Адонис Јоргијадис, кој рече дека во министерството се дискутирало за опцијата невакцинирани лица да влегуваат во продавниците само со негативни брзи тестови, но имало проблеми во спроведувањето на предлогот.

„Секако дека се размислува, но има проблеми, има некои наши сограѓани кои не сакаат да прават ни брзи тестови, а не можеме да им ги ускратиме основните прехранбени производи“, додаде министерот за „Отворена ТВ“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски