Во Грција се укинуваат задолжителното носење маска во моловите и ограничувањето на бројот на гости во угостителските објекти

Од:

Посетителите на моловите и трговските центри во Грција повеќе не се обврзани да носат заштитна маска, додека пак во кафулињата и угостителските објекти нема да има ограничувања на бројот на гости на една маса, согласно новата заедничка министерска одлука, јавија грчките медиуми.

Според новата одлука што ќе биде во сила до 12 јули се укинува задолжителното носење маска за посетителите на моловите и трговските центри, а останува задолжителна за вработените во продажните места. Во Грција, и понатаму сите оние кои ги користат превозните средства како јавниот превоз, авиони, бродови, траекти, возови, обврзани се да носат заштитна маска на неопределено време.

Во истата министерска одлука, се укинува и ограничувањето, на масите во кафулињата и угостителските објекти да има најмногу шест лица, а продолжуваат да важат правилата и мерките за растојание помеѓу масите и бројот на гости во зависност од големината на површината.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски