Во Грција повторно отвораат клиники за лекување пациенти со Ковид-19

Од:

Клиники за лекување пациенти со Ковид-19, што беа затворени по затишјето во пандемијата на почетокот на летото, од денеска се повторно отворени во Грција, изјави за Скај ТВ, Матина Пагони, претседател на Унијата на болнички лекари во Атина и Пиреја.

Таа нагласи дека хоспитализациите на лица со Ковид-19 во болниците се зголемуваат и за една недла се зголемиле од 5 на 45.

Таа додаде дека „работите воопшто не одат добро и ако не се вакцинираме, никој не може да предвиди што ќе се случува со вирусот во иднина“. Според неа, ако развојот на колективен имунитет трае до декември, како што предвидоа некои набљудувачи, во болниците „ќе биде застрашувачки“ во октомври.

Што се однесува до потребата од трета доза на вакцина, Пагони рече дека веројатно ќе биде потребна за 80 до 90 проценти од вакциниранитеи дека на оние кои неодамна се вакцинирани, ќе им треба трета доза следното лето.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски