Во Грција потврдени 33 случаи од новиот вид коронавирус

Од:

Од анализирани 235 позитивни примероци на Ковид-19 потврдени во периодот од 11 ноември 2020 година до 18 јануари во Грција, 33 се однесуваат на новиот вид на коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

По направените анализи на Институтот за биомедицински истражувања, од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека 172 од анализирани позитивни примероци се однесуваат на периодот до 31 декември 2020 година и е пронајден само еден случај на новиот мутиран вид, по направен ПЦР текст на 23 декември 2020 година.

Од останатите 63 позитивни случаи на Ковид-19, од периодот од 11 до 18 јануари, односно за само една седмица, потврдени се 32 случаи на новиот вид на коронавирусот, од кои повеќе од половина се во Атина.

Поконкретно, три се откриени на влезните точки во земјата, четири се од контакти на веќе потврден случај, осум се на островот Крит и 17 во Атина.

Би можело да ве интересира

Грција ги укинува речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција

Во Грција од денеска маските не се задолжителни на отворено

Вакцинираните пред седум месеци, без бустер доза од денеска во Грција немаат сертификат

Катерина Павлова-Николовска

Во Грција од денеска маските на отворено се задолжителни, за непочитување на мерката казна од 300 евра

Во Грција 33 потврдени и 98 сомнителни случаи на Омикрон