Во Грција откриени два случаи на „скриената“ подваријанта на Омикрон

Од:

Два случаи на Омикрон 2, што е подваријанта на Омикрон сојот, наречена ΒΑ.2 или 21L се откриени во Грција, кај патници кои пристигнале од странство и се наоѓаат во изолација, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција, преку соопштение обаснуваат дека конкретната подваријанта е дел од поголемата група 21M, позната како сојот Омикрон, а меѓу другите подваријанти е и 21K (ΒΑ.1) која е моментално раширена во светот.

Додават дека од новата подваријанта недостига “S-gene drop out” ή SGTF што се користи за откривање на Омикрон со молекуларните тестови и затоа ΒΑ.2 или 21L се карактеризира како подгрупа „stealth“, но и дека засега е непознато дали дополнителините седум мутации на S (Spike) протеинот ја прават новата подваријантата BA.2 поразлична и „не постојат доволно податоци дали има зголемена можност да го избегне постоечкиот имунитет или да донесе зголемено заразување“.

-Комбинираниот ефект на овие седум мутации врз својствата на вирусот во моментов е непознат, додаваат од Националната организација за јавно здравје на Грција.

Професорот по епидемиологија и член на комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, Гикас Мајоркинис, говорејќи за новата подваријанта објасни дека Омикрон има две гранки, „а едната е наречена stealth – скриена гранка“, бидејќи има мутација што ја прави незабележлив при класичниот метод што се користи за да откривање.

Истакна дека сè уште е рано да се каже дали и колку оваа подваријанта е позаразна.

И дел од останатите грчки епидемиолози коментираат дека сè уште не постојат доволни податоци во за новата подваријанта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција