Во Грција од утре не мора да се носат маски на отворено

Од:

Грчкиот заменик министер за цивилна заштита, Никос Хардаљас, денеска соопшти дека од утре во пет часот наутро, се укинува мерката за задолжително носење маска на отворен простор. Препораката е маските, сепак, да се носат на места на отворено каде што има гужви. Во затворен простор обврската за задолжително носење и натаму важи.

Од понеделник, 28 јуни, се укинува и полицискиот час, а на масите во угостителски објекти ќе биде дозволено да седат најмногу десет лица.

-Јасан и подобрена е епидемиолошката слика во земјата, изјави членката на Комитетот за инфективни болести и владин советник, Вана Папаевангелу, додавајќи дека изгледите се добри.

Таа додаде дека се додека вирусот циркулира меѓу луѓето, нема простор за самозадоволство. Папаевангелу изјави дека колку подолго циркулира вирусот, толку се поголеми шансите за нови мутации.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција