Во Грција 151 нов случај на Ковид-19, Владата воведува дополнителни мерки

Од:

Во Грција веќе четврти ден има трицифрен број нови случаи на Ковид-19, а во изминатите 24 часа е регистриран 151 новозаболен, од кои само седум по тестовите направени на влезните точки во земјата.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се 5.270 заразени лица, а починаа вкупно 210.

Според грчките медиуми најголемиот број денешните нови случаи се во 23 регионални единици во Грција. Најголемиот дел – 46 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, во чии рамки е и островот Порос каде што од утрово во сила се рестриктивни мерки поради големиот број заразени лица.

Во Солун има 38 случаи, 15 во Еврос, сите поврзани со свадба, шест во Лариса и од еден до три случаи во други делови на Грција.

Секретаријатот за цивилна заштита, по препорака од Комисијата на епидемиолози, а со одлука на надлежниот министер соопшти нови мерки и продолжување на една од постоечките.

Од среда, за сите оние кои во Грција ќе пристигнат од Малта задолжително е да имаат негативен тест за Ковид-19, направен 72 часа пред патувањето.

Во следниот период се откажуваат сите литии, како и панаѓури.

Забраната за стоење во сите ноќни клубови, барови, кафулиња, клубови со жива музика и слично се продолжува до крајот на месецов.

Би можело да ве интересира

Повеќето земји од ЕУ имаат загрижувачки трендови во ширењето на Ковид-19

Ана Ололовска

Анкета: Две третини од Грците загрижени за пандемијата, 74% убедени дека мора да се носи маска

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ: Коронавирусот имаше храброст да ме предизвика, лоша идеја

Ана Ололовска

Турција ја обвинува Грција дека депортира мигранти без процедура за азил, а ЕУ се прави дека не гледа

Ана Ололовска

Дростен: Пандемијата всушност допрва ќе почне

Ана Ололовска

Бројот на новоинфицирани со Ковид-19 во Русија дневно може да порасне и до 9.000 лица

Ана Ололовска