Во гаснење на пожарите во Албанија вклучени и армиските хеликоптери

Од:

Поради загрижувачката состојба со пожарите во Албанија доцна попладнево реагираше министерот за одбрана Нико Пелеши, кој упати апел до жителите каде постои опасност по животите и имотите да се евакуираат кога на тоа ќе ги повикаат надлежните.

dobivaj vesti na viber

Тој на Фејсбук напиша дека најризична е состојбата во селото Душкарак во општина Селеница каде се врши интервенција и од воздух со армиски хеликоптер.

Во селото каде од синоќа гори голема површина изгореле три куќи, но за среќа нема настрадани.

– Ги повикувам жителите каде постои опасност да бидат зафатени нивните домови да ги почитуваат наредбите на надлежните во случај да биде потребна нивна евакуација. Временските услови, силниот ветер, во одредени случаи ги отежнуваат оперативните сили на терен, соочени со пожарите. Најпроблематична е состојбата во селото Душкарак во општина Селеница каде од воздух интервенира хеликоптер на воздухопловството, напиша Пелеши.

Според него од земја и воздух се интервенира и во пожарот кај Курбин, припадниците на армијата се посветени на гаснење на пламените јазици во подрачјето на Скадар, во неколку села во општина Мат како и кај Елбасан и Валона.

Според податоците на Националниот оперативен центар за цивилни вонредни ситуации, во изминатите 24 часа регистрирани се 26 пожари повеќето од нив се сè уште се активни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот албански претседател: Демократскиот систем пропадна во 2008 година, кога земјата се претвори во премиерска република

А1он

Рама: Албанија со изненадувачки богата туристичка сезона

А1он

Рама: Прекинот на односите со Иран не е голема загуба за Албанија

А1он

Трговец со луѓе од Валона заработувал милион евра неделно: Разоткриена мрежа на албански шверцери

А1он

Мета: Одлуката за прогласување на Бериша „нон грата“ е дело на Баша и Рама

Ана Ололовска

Рама: Ништо не го менува ставот на Албанија дека Србија треба да го признае Косово

Ана Ололовска