Во две несереќи со мигранти во Грција загинаа 17 лица, десетици се исчезнати и над 80 спасени

Од:

Уште еднаш, толеранцијата на Турција за мрежите на бескрупулозните криумчари чини човечки животи, рече министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис за двете несреќи со чамци со мигранти во близина на островите Лезбос и Китира, во кои 17 лица загинаа, десетици се исчезнати, а над 80 беа спасени, јави дописичката на МИА од Атина.

Во првата несреќа кај Лезбос, според официјалните информации од грчката крајбрежна служба, извлечени се безживотните тела на 16 жени и едно дете, а спасени се девет жени.

Во однос на вториот бродолом во близина на островот Китира спасени се 80 лица, од кои 55 мажи, 18 деца и седум жени, а 11 од спасените се префрлени во болница.

И во двата случаи, спасувачката акција на крајбрежната сужба продолжува.

Министерот за поморство на Грија во писмената изјава истакна дека сè додека турската крајбрежна служба не ги спречува, „криумчарите продолжуваат да пикаат несреќни луѓе, без никакви мерки за безбедност, во чамци кои не ги издржуваат временските услови, ставајќи ги животите во смртна опасност“.

-Надчовечките напори на припадниците на крајбрежната служба, на воената морнарица, на воздухопловните сили, противпожарна бригада, на грчката полиција и на волонтерите, вчера спасија десетици луѓе на Китира и Митилини. Но, за жал, не сите. Турција мора да го почитува нејзиниот договор со Европската унија. Сè додека не го прави тоа, става во опасност човечки животи, рече Плакиотакис.

За двете несреќи реагираше и министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, кој преку Твитер итно ја повика Турција „да преземе активности за спречување на нелегалните поаѓања за време на лоши временски услови“, но побара и ЕУ да реагира.

-Денеска многу животи се загубени во Егејското море, луѓето се дават во пловни објекти што се неповолни за пловидба. ЕУ мора да дејствува, напиша Митаракис на Твитер.

Од грчката крајбрежна служба објавија видео од спасувачката акција на островот Китира.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски