Во Дубровник дводневен самит на Процесот 16 + 1

Од:

Делегацијата на Кина, предводена од премиерот Ли Кечијанг, допатува во Дубровник, на дводневниот самит на Процесот 16+1 во чии рамки ќе биде одржан и деловен форум на земјите од Централна и Источна Европа и Кина.

Иницијативата 16+1 Кина ја смета за интегрален дел од својот мегапроект „Еден појас, еден пат“ – современ Пат на свилата и еден од најамбициозните проекти во историјата.

Премиерот на Кина допатува во Дубровник од Загреб, каде вчера, за време на неговата прва официјална посета на Хрватска, имаше средби со највисоките државни функционери, претседателката, премиерот и претседателот на Парламентот, Колинда Грабар Китаровиќ, Андреј Пленковиќ и Гордан Јандроковиќ.

Во Дубровник пристигнаа и шефовите на држави или влади на 16 земји од Централна и Источна Европа.

Владината делегација од Република Северна Македонија ја предводи премиерот Зоран Заев и во нејзин состав се заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за култура Асаф Адеми.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он