Во Црна Гора уапсено едно лице поради ширење лажни вести за коронавирусот

Од:

Полиција уапси едно лице под сомнение дека ширел лажни вести и на тој начин предизвикал вознемиреност на јавноста, соопшти Управата на полицијата на Црна Гора.

Црногорскиот весник „Вијести“ објави дека е уапсен Миливој Брковиќ поради ширење лажни вести за присуство на новиот коронавирус во Црна Гора.

Брковиќ на својот Фејсбук профил напиша дека има информација дека 13 граѓани на Црна Гора се заразени со новиот коронавирус.

Надлежните органи и претставници на Владата на Црна Гора и на Министерството за здравство апелираат до граѓаните да не шират дезинформации и да не предизвикуваат паника.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски