Во Црна Гора повторно полициски час и построги мерки за заштита од Ковид-19

Од:

Во Црна Гора се воведува полициски час од 21 часот навечер до 5 часот утредента и забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите, соопшти денеска директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ.

Според новите мерки на Министерството за здравство, угостителските објекти ќе бидат отворени до 18 часот.

Во Будва и Тиват, каде епидемиолошката состојба е посложена, се забрануваат јавни собири на отворено и на затворено, а угостителските објекти нема да работат.

Во овие општини, како што најави Галиќ, се прекинува работата во образовните институции – градинки, училишта, факултети, и се преминува на онлајн настава.

Забранети се спортски настани, а како што рече Галиќ, мерките не се однесуваат на обука на спортисти кои редовно се тестираат.

– На граѓаните на Будва и Тиват им се препорачува да не ги напуштаат териториите на тие општини со цел да се спречи ширењето на епидемијата, рече директорот на ИЈЗ.

Министерката за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, додаде дека најавените мерки ќе важат во наредните денови, со можност за продолжување.

Боровиниќ Бојовиќ соопшти дека е забрането угостителските објекти да пуштаат музика, а во сила останува и важечката забрана за музика во живо.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски