Во Црна Гора над 23.000 странци поседуваат имот

Од:

Според најновите податоци на Управата за катастар и државен имот во Црна Гора, повеќе од 23.000 странци поседуваат недвижен имот во таа држава.

Од агенциите за недвижности велат дека странците преку нив купуваат станови во Подгорица, но не во значителна мера. Како што пренесува ТВ Вијести, голем број од нив, сепак, ги земаат под закуп и се подготвени да платат многу, поради што во последно време значително се зголемија наемнините.

Од Управата за катастар не можеа да ја соопштат вредноста на недвижен имот на странци во Црна Гора, бидејќи, како што наведоа, тие не се одговорни за тоа, јави медиумот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора