Во Црна Гора денес 208 новозаразени од 658 тестирања

Од:

Речиси секој трет тест за коронавирус што го спровеле црногорските власти во изминатите 24 часа е позитивен – откриени се нови 208 случаи од вкупно 658 тестирања, соопшти Институтот за јавно здравје во Подгорица.

Во изминатиот ден се регистрирани и четири смртни случаи, кај пациенти ос Подгорица, Бијело Поље, Плав и Херцег Нови.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 124, а од почетокот на годината – 133, велат здравствените власти.

Во моментов, во Црна Гора има 2.581 активен случај на болеста, а најмногу од нив се регистрирани во Подгорица (655), во Никшиќ (578) и во Беране (416).

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски