Во Бугарија во еден ден регистрирани два нови земјотреси

Од:

Утрово бил регистриран земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во регионот Смолјан во Бугарија. Земјотресот бил почувствуван во 6:13 часот утрово на 29 км источно од местото Смолјан и 191 км југоисточно од Софија, со длабочина од 5 км, соопштија од Европскиот сеизмолошки центар.

Во текот на денот бил регистриран и втор земјотрес во соседната држава со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, според податоците на Бугарската академија на науките и Европскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот бил регистриран во 13:34 часот, на 36 км западно од Пазарџик, помеѓу Костенец и Белово, јавија бугарските медиуми. Oд земјотресот не е предизвикана материјална штета и нема регистрирани жртви.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико