Во Бугарија уапсен шефот на полицискиот оддел за дроги

Од:

Бугарската полиција го уапси началникот на одделот за спречување шверц на дрога при Директоратот за борба против организиран криминал, како и уште двајца високи функционери, поради наводно примање поткуп во замена за заштита на локалните и меѓународните трговци со дрога.

„Тие се осомничени поради штитење на активностите на организираните криминални групи, вмешани во шверц со дрога во Бугарија и странство,“ изјави јавниот обвинител Иван Гешев на вонредна прес-конференција.

Тој истакна дека е загрижувачки фактот што се осомничени „највисоки претставници во борбата против наркотици во Бугарија и главните лица за контакт со меѓународните партнери, не само во ЕУ“.

Бугарија, која е членка на ЕУ од 2007 година, се наоѓа на една од главните рути за трговија со дрога од Азија кон земјите од Западна Европа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит