Во Бугарија се подготвуваат за моментот кога руски хакери ќе се насочат надвор од Украина

Од:

Во оваа фаза, кибер нападите што доаѓаат од Руската Федерација кон Украина се за заплашување, изјави за БНТ министерот за електронска влада на Бугарија, Божидар Бојанов. Според него, сега се напаѓаат цели – компании за дистрибуција на електрична енергија и вода. За суспензијата на 45.000 интернет адреси во Бугарија од кои се правени обиди за злонамерно мешање во електронските системи, Бојанов рече дека нивното суспендирање било превентивно, јави дописникот на МИА.

-Тоа се адреси од кои се знае дека има обиди за разузнавање, за пообични, недеструктивни напади. Како мерка на претпазливост, пристапот до нив е суспендиран бидејќи истите овие адреси може да се користат за многу други работи. Бугарија се подготвува за моментот кога хакерите поддржани од Русија ќе се свртат и ќе почнат да дејствуваат надвор од Украина. Во Бугарија се вршат различни ревизии, инспекции и тестови со цел да се откријат повеќе обиди за упад, автоматски да се запрат повеќе напади, рече Бојанов.

Бугарскиот министер објасни дека социјалните мрежи не се предмет на директна контрола и регулација од властите во Софија, но според него во последните години има активни пропагандни акции на руската држава, кои не се директно во нејзино име, туку преку нејзина анонимни и полуанонимни канали.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?