Во Бугарија регистрирани 873 оздравени лица од коронавирус

Од:

Во последните 24 часа во Бугарија има 3.414 лица новозаразени со коронавирус, а 72 пациенти го загубија животот, соопштија бугарските здравствени власти.

Најголем број на новоинфицирани лица има во Софија – 996, Пловдив – 414, Стара Загора – 180 и Благоевград – 179.

Податоците се добиени од спроведени 8.885 ПЦР тестови.

Во моментов, регистрирани се 61.168 активни случаи на инфекција со Ковид во земјата.

Бројот на хоспитализирани пациенти останува висок – 4.768, додека 284 лица се на единиците за интензивна нега.

Во земјата оздравеле 873 лица во последните 24 часа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит