Во Бугарија развиен робот за дезинфекција

Од:

Истражувачки тим од Институтот за роботика при Бугарската академија на науки (БАС) разви UVC робот за дезинфекција кој може да се користи против ширење на новиот коронавирус, соопшти денеска БАС.

Роботот користи UVC дезинфекциска технологија и може да се користи во простории, на кои им е потребна ефективна дезинфекција на подови и површини, вклучувајќи куќи, здравствени установи и други јавни простори.

Изумот неодамна е регистриран во Бугарскиот завод за патентирање.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија