Во Бугарија потврдени 44 нови случаи на коронавирус

Од:

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 44 нови случаи на заразени со коронавирус, врз основа на 1.249 тестирани примероци.

Уште шест лица починаа, објавено е на официјалната веб-страница за следење на епидемијата.

Најголем број на новоинфицирани има во Софија, девет.

Во моментов во Бугарија има 4.522 активни случаи, пренесува БТА.

Од почетокот на епидемијата во Бугарија се регистрирани 18.863 случаи на коронавирус, а починале 761 лице.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит